Успеал да украде 50 илјади денари од патарина

Вторник, 05 Фев 2013 | Прочитано 282 пати.

39-годишен инкасант од наплатната рампа од кумановско Романовце, со стари фискални сметки успеал да украде околу 50.000 денари, пари од наплатена патарина.


Од првата половина на август, минатата година инкасантот зел ролна од наплатени фискални сметки со застарен датум и истите им ги давал на возачите кои поминувале на патарината.


Случајот го открил српски државјанин кој на осумнаести август забележал дека фискалната сметка била со застарен датум и излегол од возилото да реагира.


Но, инкасантот со дрвена палка му го скршил ветробранското стакло и му се заканил.


Србинот случајот го пријавил во полиција, а инкасантот заработил кривична пријава за злоупотреба на службената положба.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија