Вес Мичел утре во Македонија

Понеделник, 12 Март 2018 | Прочитано 108 пати.

Утре во Македонија пристигнува Вес Мичел- американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Тој ќе има средби со премиерот Заев и со министерот за надворешни Димитров.


Мичел повторно ќе ја потврди поддршката на САД за македонските евроатлантски аспирации, а ќе понуди и поддршка за тековните разговори со Грција. На средбата исто така, треба да се зборува и за спроведувањето на реформите, за владеење на правото и за слободните медиуми.


На неговата турнеја, Мичел ќе ги посети Приштина, Белград, Атина и Никозија.


извор:МРТ

[назад]
loading...
Коментари