Внимавајте на сонце, УВ индексот исклучително висок!

Понеделник, 01 Јул 2019 | Прочитано 304 пати.

Под влијание на топол бран денеска и утре максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Во Охридскиот регион температурата ќе достигне до 32 степени Целзиусови.


Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Исклучително висок ќе биде и УВ индексот на зрачење, кој ќе изнесува 9, предупредува Управата за хидрометоролошки работи – УХМР.


Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информира УХМР.


Извор::OhridNews


 

[назад]
loading...
Коментари

Македонија