Во СЦ „Борис Трајковски“ отворена Вип соблекувална за светските музички ѕвезди

Петок, 09 Ное 2018 | Прочитано 84 пати.

Во СЦ „Борис Трајковски“ изминатиот период беа реновирани сите соблекувални, но најинтересен новитет е што за првпат салата добива и Вип соблекувална, односно просторија каде што светските и регионални музички ѕвезди ќе можат да се опуштат пред  и по концертите.




Први музичари кои беа гости во Вип соблекувалната се 2 Chellos,  а во наредниот период таму ќе се опуштаат Здраво Чолиќ, Ерос Рамацоти, Лени Кравиц, Лепа Брена и многу други музички ѕвезди кои ќе настапат во Вип Арена „Борис Трајковски“.




Вип соблекувалната е градена по светски стандарди и се состои од една поголема просторија , каде што има фрижидер, телевизор и простор за седење, тоалет и неколку туш кабини. На Балканот, единствена Вип соба од ваков тип има само во белградска Арена.


[назад]
loading...
Коментари