ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ И НОЌТА СЕ ОЧЕКУВА НАОБЛАЧУВАЊЕ СО НА МЕСТА СО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ

Среда, 14 Авг 2019 | Прочитано 417 пати.


Сончево и многу топло ќе биде претпладнево, а подоцна во текот на денот и ноќта се очекува наоблачување со на места со пороен дожд и грмежи.




Според УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час. Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.




Во Скопје претпладнево ќе биде сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Температурата ќе се движи од 21 до 38 степени.




И утре ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за пет до осум степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се со постепен пораст.


[назад]
loading...
Коментари