Вооружена група ограбила експозитура на НЛБ Банка

Понеделник, 08 Јул 2019 | Прочитано 123 пати.

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случил грабеж од страна на вооружена група разбојници, соопштуваат од банката.


„Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план“, истакнуваат од НЛБ.


Во моментов сѐ уште нема детали колку пари се украдени, но средствата на клиентите се сигурни бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства.


Извор: mkd.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија