Воведена забрана за камиони и на Стража

Среда, 09 Јан 2019 | Прочитано 213 пати.

Од 8 и 55 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.Забрана за движење камиони, поради снежни врнежи, утринава беше воведена и на патниот правец крак Маврово-Дебар, како и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.


Извор: МКД

[назад]
loading...
Коментари

Македонија