Возачот што усмрти полицаец и повреди уште неколку лица бил пијан

Недела, 21 Апр 2019 | Прочитано 721 пати.

Возачот што утрово усмрти полицаец, а тешко повреди уште еден полициски службеник и уште неколку лица бил пијан, соопштија од Основното јавно обвинителство Куманово од каде ја расчистуваат тешката сообраќајка.

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.

Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал.

Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош.

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и Наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.


Извор: MKD

[назад]
loading...
Коментари

Македонија