Вработените од Фабрика Карпош се вклучија во акцијата "Не биди ѓубре"

Понеделник, 15 Апр 2019 | Прочитано 101 пати.

Вработените во Фабрика Карпош одлучија активно да се вклучат во акцијата "Не биди ѓубре" која има за цел да влијае на свеста кај граѓаните и институциите да се грижат за почиста животна средина и да не го фрлаат ѓубрето каде што ќе стигнат.




На последната акција која беше спроведена вчера на автопатот Скопје - Тетово, односно на првата патарина на излезот од Скопје, вработените на Фабрика Карпош зедно со сите останати активисти собраа околу 50 вреќи ѓубре.




"Нашата цел како општествено одговорна компанија е да делуваме секогаш во прилог на општеството преку вакви акции кои имаат за цел да ја зголемат свеста на граѓаните и да влијаат на општеството. Како компанија секогаш сме давале поддршка на општествено одговорни акции, донации, кампањи и ова претставува само продолжување на нашите активности во нашата мисија која е една од основите на нашето работење." - изјавија од Фабрика Карпош.


[назад]
loading...
Коментари

Македонија