Заев: Кога Мицкоски јавно ќе каже дека е против бојкот на референдумот ќе прифатам дуел

Среда, 12 Сеп 2018 | Прочитано 442 пати.

Премиерот Зоран Заев денеска одговори на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за ТВ-дуел, изјавувајќи дека ќе прифати дуел кога Мицкоски ќе каже јасен став дека е против бојкот на референдумот за името на 30 септември.


„Подготвен сум да прифатам дебата со господинот Мицкоски кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето. Штом тоа ќе го каже, веднаш ќе ја прифатиме дебатата. Ваквите ставови дефинитивно ја ставаат во заблуда иднината на Македонија“, изјави


Заев на прес-конференцијата со косовскиот претседател Хашим Тачи, одговорајќи на новинарско прашање како ги коментира поканата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ дуел и неговиот став секој да гласа по сопствено убедување на претстојниот референдум.


Според него, иднината на Македонија заслужува секогаш да се разговара за тоа прашање и од тој аспект бојкотирањето на иднината на Македонија не претставува никаков основ да се седне да се разговара.


Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел за референдумот и за Договорот од Преспа за време на синоќешната прес-конференција на кој што го соопшти партискиот став за референдумот. Мицкоски рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е сите граѓани да постапат според сопствените убедувања.


Извор: mkd.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија