Заев на средба со Ердоган

Недела, 11 Фев 2018 | Прочитано 311 пати.

Премиерот Зоран Заев од вечерва е во официјална посета на Турција, каде меѓу другото ќе се сретне и со претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган.


Заев ќе биде придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.


Посетата на премиерот Заев и делегацијата на Анкара, почнува вечерва, со почеток во 20.30 минути по локално време во Анкара (18.30 часот по домашно време), со вечера организирана од ТОББ (TOBB), Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција. На вечерата,  премиерот Заев ќе има воведно обраќање, а за утре се закажани официјалните средби на Заев со владино-државниот врв.


Извор:  lokalno.mk 


 

[назад]
loading...
Коментари