Захариева - Бугарија има интерес од приемот на Македонија во НАТО и ЕУ

Сабота, 09 Фев 2019 | Прочитано 152 пати.

Се надевам дека Бугарија ќе биде една од првите држави што ќе го ратификуваат договорот за присоединување на Македонија во НАТО, оти тоа е од национален интерес за Бугарија, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Бугарија има интерес Македонија да биде наш сојузник во НАТО. Истото се однесува и за влезот на Македонија во Европската унија“, рече шефицата на бугарската дипломатија.

Таа посочи дека ратификацијата во бугарскиот Парламент може да се случи веќе наредната седмица или таа после неа, со што Бугарија ќе биде една од првите држави што ќе го ратификуваат договорот за пристапување на Македонија во НАТО.


Извор: Радио Слободна Европа

[назад]
loading...
Коментари