Завршува рокот за увид во Избирачкиот список

Четврток, 14 Март 2019 | Прочитано 388 пати.

Вечер на полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дијаспората. Завршува и рокот за поднесување на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список.

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, во време од 08:30 до 19:00 часот.

Избирачкиот список се става на јавен увид со состојба на податоци на граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на изборите (21 април 2019 година), умрени лица 30 дена пред денот на распишувањето на изборите (8 јануари 2019 година) и други податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (21 април 2019 година).

Од Државната изборна комисија ги повикуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, тоа да го направат на официјалната веб страница на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии
на ДИК.


Извор: Радио Слободна Европа

[назад]
loading...
Коментари

Македонија