Дончиќ игра магично, постави нов рекорд во НБА

Сабота, 29 Дек 2018 | Прочитано 267 пати.

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ не престанува да импресионира во својата дебитантска сезона во НБА, синоќа сруши уште еден рекорд.


Лука Дончиќ стана најмладиот кошаркар во НБА лигата кој постигнал седум тројки на еден натпревар. Претходно рекордот го држеше Данџело Расел со 20 години и седум дена. Сега таков учинок постигна Дончиќ со 19 години и 303 дена.


Рекордот го постави на гостувањето кај Њу Орлеанс. Далас го загуби мечот со 114:112, а Дончиќ имаше рекордни за него 34 поени, но тие не беа доволни да се избегне поразот.

 

Далас го промаши последниот напад, имаа одлична шанса да го однесат натпреварот во продолженија, но не успеаа. Дончиќ беше лут како рис поради пропуштената можност на неговиот соиграч.



Резултати:

 

Шарлот - Бруклин 100:87

Индијана - Детроит 125:88

Орландо - Торонто 116:87

Вашингтон - Чикаго 92:101

Мајами - Кливленд 118:94

Минесота - Атланта 120:123

Њу Орлеанс - Далас 114:112

Денвер - Сан Антонио 102:99

Феникс - Оклахома 102:118

ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс 107:118

 

 

[назад]
loading...
Коментари