Адетокумбо полета и заби речиси од линијата за слободни фрлања!

Понеделник, 15 Апр 2019 | Прочитано 221 пати.

Милвоки славеше убедлива победа во првиот меч од плејофот против Детроит Пистонс со 121:86, а најдобриот потег до направи Јанис Адетокумбо.


Синоќа се одиграа четири меча од плејофот во НБА, Милвоки беше најубедлив победувајќи го Детроит со 35 поени разлика. Лидер беше Адетокумбо кој постигна 24 поени, имаше и 17 скока а одигра само 24 минути. Поради големата предност, тренерот реши да им даде шанса на другите.
 
Адетокумбо имаше едно страшно забивање за кое сите зборуваат. Грчкиот кошаркар полета речиси од линијата за слободни фрлања и ја заби топката.



 
Резултати:
 
Бостон - Индијана 87:74 (1:0)
Портланд - Оклахома 104:99 (1:0)
Милвоки - Детроит 121:86 (1:0)
Хјустон - Јута 122:90 (1:0)

[назад]
loading...
Коментари