Алегри: Останувам, ако не ме отпуштат

Понеделник, 14 Мај 2018 | Прочитано 46 пати.

Масимилијано Алегри ја продолжи жетвата на трофеи со Јувентус, „старата дама“ ја освои четвртата двојна круна во низа, а трофејниот стратег потоа ги израдува фановите објавувајќи дека нема намера да си замине. Тој беше поврзуван со преселба во Арсенал и Челси, Алегри најави молк до завршувањето на сезоната, а откако двојната круна беше одбранета стратегот на Јувентус ја потврди својата лојалност кон „црно-белите“.


„Останувам во Јувентус… освен ако управата не реши да се разделиме. Не станува збор само за останување или заминување, треба да седнеме и да дискутираме за визијата за клубот. Сезонава ќе заврши, а ние треба да почнеме да се подготвуваме за наредната бидејќи секоја секоја следна година носи нов предизвик да се задржиш на врвот“ – изјави Алегри.


Јувентус веќе се поврзува со неколку трансфери за претстојниот летен преоден рок. Речиси сигурно е доаѓањето на Емре Џан од Ливерпул како слободен играч, а се прават напори за договор со Челси за Алваро Мората, кој би го зазел местото на Марио Манџукиќ.

[назад]
loading...
Коментари