Асенсио и фантастичниот Бејл донесоа победа за Реал против Рома

Среда, 08 Авг 2018 | Прочитано 339 пати.

Реал Мадрид утрово беше подобар од Рома во Њу Џерси на Интернационалниот куп на Шампиони, Асенсио и Бејл се погрижија „Кралевите" да слават со 2-1.
Шампионот на Европа ја заврши турнеата во САД со триумф над Рома. Утрово на „Метлајф Стадионот“, избраниците на Хулен Лопетеги со 2-1 ја победија „Волчицата“.


Резултатот беше отворен веќе во 2. минута. Бејл извонредно го проигра Асенсио кој рутински ја затресе мрежата на Рома за 1-0 и покажа дека одлично се снаоѓа како 9-ка откако постигна два гола против Јувентус играјќи во шпицот на нападот.


Во 15. минута од мечот самиот Бејл се запиша во листата на стрелците и најави дека е подготвен оваа сезона да превземе дополнителен товар по заминувањето на Роналдо.


Рома во финишот од мечот само успеа да го намали резултатот, Стротман се најде осамен на подалечната статива и погоди за 2-1.


[назад]
loading...
Коментари