Атлетико Мадрид и Валенсија ги поделија бодовите

Понеделник, 01 Апр 2013 | Прочитано 207 пати.

Без победник 1-1 заврши дерби пресметката во “Ла лига“ на “Винсент Калдерон“ меѓу Атлетико Мадрид и Валенсија.

Двата погодици фудбалерите на екипите ги постигнаа на стартот од натпреварот. Во 5-та минута поведе Валенсија со голот на Жонај, една минута подоцна Фалкао израмна и ги постави конечните 1-1.
Резултати : Атлетико - Мадрид 1-1, Мајорка - Депортиво 2-3, Валјадолид - Осасуна 1-3, Еспањол - Реал Сосиедад 2-2.


Табела : Барселона 75, Реал Мадрид 62, Атлетико Мадрид 61, Реал Сосиедад 48, Малага 47, Валенсија 46....

[назад]
loading...
Коментари