Атлетико Мадрид не се откажува и ја зголемува сумата за Ељиф Елмас

Понеделник, 13 Мај 2019 | Прочитано 322 пати.

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Ељиф Елмас веќе подолг период е под будно око на голем број европски гиганти. За услугите на членот на Фенербахче досега интерес пројавиле Реал Мадрид, Тотенхем, Интер, Лацио, Зенит, како и Атлетико Мадрид.

Пред околу две седмици се шпекулираше дека Диего Симеоне е подготвен да се раздели со Никола Калиниќ и да понуди плус пари за 19-годишниот играч за врска, но по сè изгледа оваа варијанта падна во вода.

Сепак, според последните информации „јорганџиите“ не сакаат така лесно да ја загубат битката за потписот на Елмас, па сега ќе пробаат да го придобијат со 20 милиони евра, пет милиони евра повеќе од сумата со која е проценет нашиот фудбалер.

Од редовите на турскиот гигант веќе подолг период тактизираат, пред сè заради големиот интерес за Елмас, па затоа се надеваат на „тендерска војна“ која може да донесе повеќе милиони во сопствената каса.


Извор: www.gol.mk

[назад]
loading...
Коментари