Барселона му донесе на Интер рекордни 5,8 милиони евра од продажба на влезници

Вторник, 06 Ное 2018 | Прочитано 73 пати.

Во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите против Барселона, калчолигашот Интер заработи 5,8 милиони евра од продадени влезници што е нов рекорд во италијанскиот фудбал.

Според последните информации кои доаѓаат од Милано, Интер продал 73,5 илјади билети.
Претходниот рекорд по заработка од продадени билети беше поставен на натпреварот Рома – Ливерпул минатата сезона во елитното натпреварување.

Кога станува збор за досегашната најголема заработка на Интер, таа изнесуваше 5,2 милиони евра од продадени билети за дербито од домашниот шампионат против Јувентус минатата сезона.
Натпреварот Интер – Барселона се игра вечер во Милано со почеток во 21 часот.

[назад]
loading...
Коментари