Беќири: Прволигашка екипа не смее да прима голови какви што примивме ние

Понеделник, 30 Сеп 2019 | Прочитано 537 пати.

Поразот од Македонија Ѓорче Петров ја втурна Струга во резултатскс криза. Тренерот Јетон Беќири е свесен дека екипата потфрли и веројатно го одигра најслабиот натпревар оваа есен.


По домашниот неуспех против „лавовите“, предводникот на стружани ни изјави:


„Одигравме крајно лош натпревар, со мал дел на исклучоци. Имавме после примениот погодок некои добри моменти на игра, но не успеавме да постигнеме погодок. Головите кои ги примивме беа многу наивни. Не смее екипа која се натпреварува во Првата лига да дозволува да прими такви голови. На другата страна не постигнуваме голови од добри шанси и тогаш нема што да се бара“.


Струга Трим Љум најави дека може да биде хит во сезоната, но по лошиот крај на август и септември, паѓа на самото дно на табелата.


Извор:.gol.mk

[назад]
loading...
Коментари