Боли глава од платата на Азар во Реал

Сабота, 08 Јун 2019 | Прочитано 393 пати.

Реал Мадрид синоќа официјално потврди дека Еден Азар ќе биде нов фудбалер на овој клуб кој доаѓа од редовите на Челси. Белгиецот со „кралевите“ потпиша петогодишен договор, а на „Сантијаго Бернабе“ официјално ќе биде претставен на 13. јуни.


Шпанците на сметката на Челси одма ќе уплатат 100 милиони евра, додека „сините“ преку разни бонуси треба да заработат уште 50 милиони евра. Многу добар договор доби Азар кој ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот.


Белгиецот годишно во Реал ќе заработува 19.2 милиони фунти. Тоа значи дека тој месечно ќе инкасира 1.73 милиони фунти, а на неделна база таа сума изнесува 400 илјади фунти. Само за еден ден Азар ќе заработи 57.142 илјади фунти.

[назад]
loading...
Коментари