Бостон прв во полуфиналето

Понеделник, 22 Апр 2019 | Прочитано 244 пати.

Бостон со 110:106 победи на гостувањето кај Индијана и со перфектни 4-0 се пласира во конференциското полуфинале, Голден стејт, Торонто и Портланд се на чекор до таков успех.
Во еден изедначен натпревар, Бостон и по четврти пат ја совлада екипата на Индијана и без загубен натпревар во серијата се пласира во конференциското полуфинале, каде многу веројатно ќе игра против Милвоки кој води со 3-0 против Детроит.
 
На вчерашниот меч Хајвард со 20 поени беше најфикасен во тимот на Бостон, кај Индијана Богдановиќ реализираше 22.
 
Шампионот Голден стејт славеше уште една гостинска победа кај ЛА Клиперс, овој пат со 113:105 и поведе со 3-1 во серијата. Кевин Дурент реализираше 33 поени, Томпсон го пратеше со 32.



 
Резултати:
 
Индијана - Бостон 106:110 (0-4)
ЛА Клиперс - Голден стејт 105:113 (1-3)
Орландо - Торонто 85:107 (1-3)
Оклахома - Портланд 98:111 (1-3)

[назад]
loading...
Коментари