Буфон даде интересен коментар за можните овации од „Бернабеу“

Среда, 11 Апр 2018 | Прочитано 506 пати.

Џанлуиџи Буфон откри со каква специјална порака се обидувал да ги мотивира своите соиграчи во пресрет на денешниот реванш меч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а со оглед на тоа што италијанскиот тим има навистина невозможна мисија пред себе, големо внимание во спортската јавност привлекува тоа што ова за легендарниот голман може да значи и последен настап во елитното натпреварување.


Италијанскиот чувар на мрежата не сакаше со сигурност да тврди дека ова е неговиот последен меч во Лигата на шампионите, а запрашан дали очекува стоечки овации од гледалиштето на „Бернабеу“, популарниот Џиџи даде еден навистина интересен коментар.


– Научив дека ништо не треба да очекувате во животот. Се сеќавам дека тука имам добиено убав спортски аплауз. Но, навивачите на Реал не ми должат ништо. Не очекувам овации, – порача Буфон и додаде.


– Не знам дали ова ќе биде мојот последен меч во ова натпреварување, но кое дете не сонува за тоа да ја заврши својата кариера во Лигата на шампионите на стадион како „Сантијаго Бернаебеу“? , – заврши голманот на Јувентус.

[назад]
loading...
Коментари