Буфон заминува во Аргентина?

Понеделник, 16 Апр 2018 | Прочитано 86 пати.

Според многумина најдобриот голман во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон најави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши својата богата кариера, преполна со голем број трофеи.


Сепак, последните информации говорат дека аргентинскиот фудбалски великан, Бока Јуниорс ќе се обиде да му ги промени плановите. Како што јавува аргентинското „Радио Континентал“ овој клуб е заинтересиран да го ангажира легендарниот голман.


Ова лето на Буфон му истекува договорот со Јувентус, па Бока сака да му понуди договор со траење од шест месеци.


Клубот сигурно ќе проба да го искористи и Карлос Тевез во убедувањето на Буфон, бидејќи тие двајца беа две години соиграчи, во периодот додека Аргентинецот играше за Јувентус.


Во Буенос Аирес сакаат да се засилат пред плејофот на Копа Либертадорес.


Сепак, тешко е да се верува дека доколку Буфон реши да ја продолжи кариерата тоа би го направил во друг тим освен Јувентус.

[назад]
loading...
Коментари