Ќе се слави на “Меаца”: Интер го смени грбот во чест на 110. роденден

Сабота, 10 Март 2018 | Прочитано 285 пати.

Раководството на Интер донесе одлука да отвори Куќа на славните, а првите членови во неа ќе имаат можност да ги одберат навивачите преку гласање.


Но, тоа е единствената новина која дојде за 110. роденден на “нераѕурите”. На натпреварот против Наполи што се игра утре во Милано, фудбалерите ќе играат со специјално дизајниран грб на своите дресови.


Интер е формиран на 9 март 1908 година, досега освоил 18 титули во италијанското првенство, седум Купа на Италија, три титули во Лигата на шампионите и уште три во Купот на УЕФА.


[назад]
loading...
Коментари