Челзи ја симна Барселона од врвот на листата на ИФФХС

Понеделник, 04 Март 2013 | Прочитано 252 пати.

Премиерлигашот Челзи се искачи на првото место на ранг листата кој ја креира Интернационалниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).


До денеска, на врвот на оваа листа непрекинато 22 месеци се наоѓаше Барселона. Поразите од Милан во Лигата на шампионите и од Реал Мадрид во шпанското првенство и куп, се причината Каталонците да паднат на петтата позиција.


Од второто до четвртото место се наоѓаат Атлетико Мадрид (Шпанија), Баерн Минхен (Германија) и Коринтијанс (Бразил).


Од македонските екипи во конкуренција на 400.те рангирани, Ренова се наоѓа на 213.место. а Вардар е на 367.та позиција.


[назад]
loading...
Коментари