Далас без Дончиќ ја прекина победничката серија на Клиперс

Понеделник, 03 Дек 2018 | Прочитано 61 пати.

Далас Маверикс со 114:110 го победи тимот на Лос Анџелес Клиперс и ја прекина нивната серија победи иако за овој меч не сметаа на еден од нивните најдобри кошаркари, Лука Дончиќ.

Лос Анџелес Клиперс отпатува како фаворит во Тексас, но се врати со наведната глава откако доживеа пораз од Далас.
 
И покрај тоа што играа без својата млада ѕвезда, Дончиќ, успеаа да го победат моментално водечкиот тим на Западот.
 
Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, ниту еден тим не се одлепи на повеќе од девет поени разлика, финишот му припадна на Далас кој на крајот славеше со 114:110.
 
Барнс со 10 поени беше најефикасен во тимот на Далас, Бареа постигна 24. Кај Клиперс, Харел уфрли 23.

Резултати:
 
ЛА Лејкерс - Феникс 120:96
Шарлот - Њу Орлеанс 109:119
Мајами - Јута 102:100
Филаделфија - Мемфис 103:95
Далас - ЛА Клиперс 114:110
Сан Антонио - Портланд 131:118


[назад]
loading...
Коментари