Далас лесно ја реши Филаделфија, Орландо го „тресна“ Торонто

Вторник, 02 Апр 2019 | Прочитано 199 пати.

Се ближи крајот на регуларниот дел од НБА-лигата, па така возбудувањата растат. Иако на Западот ситуацијата е решена за тоа кој ќе игра во плејофот, сепак на Истокот очигледно до последно коло ќе биде интересно, зашто четири екипи се борат за три места.

Синоќа сите четири екипи играа и сите четири загубија. Детроит пистонс беше поразен од Индијана пејсерс со 102-111. Бруклин славеше против Милвоки со 131-121, Мајами го победи Бостон со 110-105 и Орландo го „тресна“ Торонто со 121-109.

Портланд беше подобар од Минесота, а до пораз ги предводеше Худ со 21 поен, додека Енес Кантер постигна 20 поени. На паркетот беа и Далас маверикс, кој ја победи Филаделфија со 122-102, а за Далас повторно не настапi Лука Дончиќ, кој е повреден.

Од останатите натпревари, Јута џез славеше против Шарлот со 111-102, додека Њујорк беше подобар од Чикаго со 113-105.

[назад]
loading...
Коментари