Демба Ба го урна Манчестер јунајтед

Понеделник, 01 Апр 2013 | Прочитано 194 пати.

Челси му зема мерка на Манчестер јунајтед, победувајќи го со 1-0 во повторениот дуел од ФА купот, по што сега ќе го предизвика и Манчестер сити. Демба Ба со одлична реакција успеа да ја затресе мрежата на „црвените ѓаволи“ во 49.минута, откако му побегна од видокругот на Рио Фердинанд.


Сер Алекс Фергусон го почна натпреварот без Вејн Руни и без Робин ван Перси, а во нападот главна алка требаше да биде Чичарито. Тој имаше шанса и прв да го отвори резултатот, но не успеа, а Демба Ба на почетокот од вториот дел донесе водство за тимот на Челси.


По примениот гол, Фергусон во игра го уфрли и Ван Перси, тој имаше можност за да израмни, исто како и Чичарито, но и на спротивната страна Челси можеше побрзо да го реши натпреварот преку Хуан Мата. На крајот, „сините“ од Лондон славеа со 1-0 и сега во следната рунда ќе ги одмерат силите со Манчестер сити.

[назад]
loading...
Коментари