Денвер направи сензационален пресврт и се врати од „минус 25“, Голден Стејт ја понижи Индијана

Вторник, 29 Јан 2019 | Прочитано 128 пати.

Денвер успеа да стигне до голема и неверојатна победа на гостувањето кај Мемфис, откако направи сензационален пресврт од средината на третата четвртина, па до самиот крај на мечот (92:95).

Нагетси имаа минус 25 во третиот период кога губеа со 70:45, но потоа следеше неверојатен пресврт на теренот кој на крајот беше крунисан со огромна победа. Гостите го добија последниот период со нестварни 35:15, а главен причинител за враќањето беше феноменалната тимска игра во која предничеа Јокиќ со 24 поени, Бартон со 20 и Бизли со 18 поени.

Од другите натпревари, за издвојување е новата победа која ја оствари Голден Стејт, единаесетта во серија во НБА лигата. Актуелниот шампион изминатава вечер лесно се прошета на гостувањето кај Индијана и славеше со 100:132, триумф во кој се истакнаа Кари со 26 и повратникот Казнс со 22 поени.


[назад]
loading...
Коментари