Дончиќ го предводеше Далас до победа против Вашингтон, втор пораз за Милвоки

Среда, 07 Ное 2018 | Прочитано 69 пати.

Синоќа се одиграа нови четири натпревари во НБА лигата, а домаќините беа поуспешни и извојуваа три триумфи. Кошаркарите на Далас Маверикс ја запишаа третата победа во новата сезона, откако на домашен терен го совладаа тимот на Вашингтон Визардс со 119-100.


Пресудно за победата на тимот од Тексас беше првото полувреме, во кое домаќините постигнаа дури 70 поени. Најдобар на теренот кај победничкиот тим беше Лука Дончиќ, кој за 23 минути постигна 22 поени и подели 6 асистенции. Најефикасен на натпреварот беше играчот на Вашингтон, Џон Вол со 24 поени.




 


Портланд продолжи со добрите игри и до осмиот триумф стигна со победа против незгодниот Милвоки Бакс од 118-103. Најефикасен кај Портланд беше Џеј Мекалум со 40 поени, а кај тимот на Бакси лидер беше Антетокумпо со 23 поени, но на крајот тоа не беше доволно за избегнување на вториот пораз во новата сезона.




Феникс Санс на Игор Кокошков го претрпе осмиот пораз сезонава, откако на домашен терен загуби од Бруклин Нетс со 82-104. Во последниот натпревар тимот на Шарлот Хорнетс, предводен од Кемба Вокер (29 поени), на домашен терен ја совлада Атланта со 113-102.



Извор: gol.mk

[назад]
loading...
Коментари