Дончиќ погоди циркус-тројка со звукот на сирената, реакцијата на тренерот на Њујорк е непроценлива

Четврток, 31 Јан 2019 | Прочитано 325 пати.

Лука Дончиќ повторно одигра важна улога во победата која ја оствари Далас на гостувањето кај Њујорк Никс, а овој пат имаше и огромна помош од своите соиграчи, од кои дури четворица ја надминаа границата од десет поени.


Далас постојано ја одржуваше преднсота од 10 поени и на крајот славеше со убедливи 90:114, а најнеобичниот момент на мечот пристигна во третиот период кога Дончиќ погоди една циркус тројка со звукот на сирената. Словенецот успеа да погоди и со една рака кога мораше да има избрзан шут поради тоа што сфати дека истекува времето, а откако му успеа импровизацијата, најдобра беше реакцијата на тренерот на Њујорк кој не можеше да поверува што гледа.


[назад]
loading...
Коментари