Драма во Сан Антонио, дербито на ЛА за Клиперс, лидерот падна во Феникс

Вторник, 05 Март 2019 | Прочитано 121 пати.

Два натпревари изминатата ноќ привлекоа големо внимание во НБА лигата, трилерот што во Тексас го одиграа Сан Антонио Спарс и Денвер Нагетс, односно дуелот на ривалите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс.

Сан Антонио среќно ја извлекоа победата против Денвер 114:113, иако на шест минути до крајот на мечот имаа предност од 18 поени. Денвер се вратија со неверојатна серија на поени, во која Џамал Мареј погоди четири, а Вил Бартон една тројка.

Драмата кулминираше во последните 49 секунди, кога Дерозан не реализира напад за Сан Антонио, потоа Мареј промаши тројка, а по офанзивниот скок уште еднаш не беше успешен, а откако топката дојде до Јокиќ тој беше блокиран од Олдриџ. На спротивната страна Геј ги промаши слободните фрлања, а последниот напад за Денвер не го реализира Херис.

Демар Дерозан со 24 поени, 6 скока и 7 асистенции, односно Ламаркус Олдриџ со 22 поени и 9 скока го предводеа Сан Антонио до 36 победа во сезоната.

Кај Денвер најефикасни беа Џамал Мареј со 25 поени и Никола Јокиќ со 22 поени, 10 скока и 6 асистенции.

ЛА Клиперс, во градската пресметка, веројатно им ги згаснаа сите надежи на ЛА Лејкерс и Леброн Џејмс дека оваа сезона ќе играат во плејофот. Клиперс победија 113:105. Лејкерси на последните 12 натпревари забележале само три победи.

Леброн Џејмс (27 поени, 8 скока, 6 асистенции) и Режон Рондо (24 поени, 10 скока, 12 асистенции) не можеа да го спречат поразот. Кај Клиперс се истакнаа Данило Галинари (23 поени) и Лу Вилијамс (21 поен).

За одбележување е и победата на Феникс Санс, тимот што во целата лига се наоѓа на претпоследното место. Финикс триумфираа над лидерите во лигата Милвоки Бакс 115:105. Финикс се на 14 победи и 51 пораз, а Милвоки имаат 48 победи и 16 порази.

Во последната четвртина Санс ги декласираа противниците. Последната четвртина им припадна на Феникс со резултат 38:23.

Кели Убре го предводеше Феникс со 27 поени и 13 скока, додека кај Милвоки Јанис Адетокумбо реализира 21 поен и 13 скока.


[назад]
loading...
Коментари