Џиџи одлучи: Готово е!

Петок, 09 Март 2018 | Прочитано 506 пати.

Џанлуиџи Буфон дефинитивно одлучи да ја заврши кариерата по завршувањето на оваа сезона, тврдат италијанските медиуми.


Еден од најдобрите голмани на сите времиња најави и претходно дека ова ќе биде последна сезона за него во кариерата, но се уште не беше конечна и дефинитивна одлука. Постоеше можност Џиџи да остане да брани уште една сезона, зависно од резултатите и потребите на Јувентус и Италија, но од тоа нема ништо на крајот.


Буфон донел одлука дефинитивно да стави крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона. Голманот во разговор со челниците на Јувентус и донесе одлука да ја заврши богатата кариера во дресот на „Старата дама“.


Џиџи ќе добие шанса да се прости и во дресот на националниот тим. Привремениот селектор Луиџи Ди Бјаџо најави повик за Буфон бидејќи смета дека не е фер неговиот последен меч да биде запаметен по солзи поради испаѓањето од Шведска во баражот за Светското првенство.


Инаку славниот чувар на мрежата ќе има шанса да освои дури три трофеи до крајот на сезоната. Јуве игра во финалето од Купот, се бори со Наполи за титулата, а се пласираа и во четвртфиналето од Лигата на шампионите.


Легендата на „Бјанконерите“ настапи на 645 натпревари за клубот во кој пристигна во 2001. година од Парма и без дилеми е еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот.

[назад]
loading...
Коментари