Египет му врачи отказ на Агире

Понеделник, 08 Јул 2019 | Прочитано 95 пати.

Мексиканскиот тренер Хавиер Агире доби отказ од селекторската функција на Египет, само еден ден откако оваа селекција претрпе елиминација од Купот на Африкански Нации. Египет во осминафиналето загуби од репрезентацијата на Јужна Африка со 1:0 и со тоа ги шокираше сите.


„Фараоните“ како домаќини важеа за главни фаворити за трофејот, па јасно е дека поразот во раната фаза од натпреварувањето беше шок за сите.


Секако дека ја преземам одговорноста. Јас ги бирам фудбалерите и формацијата, така што јас сум највиновен од сите, истакна Агуире, на кого му беше јасно дека отказот веќе е подготвен.

[назад]
loading...
Коментари