Елмас, каква интелигенција и сила, но има уште да работи!

Понеделник, 05 Авг 2019 | Прочитано 238 пати.

Карло Анчелоти со пофалби за играта на Елиф Елмас во победата од 0:1 на „Велодром“ против Олимпик Марсеј во подготовките за новата сезона.


Македонскиот репрезентативец Елмас играше во првото полувреме и со своите перформанси остави голем впечаток во италијанските медиуми и веќе го привлече вниманието на навивачите на Наполи.


– Елмас, каква интелигенција и сила, но тој исто како и Фабиан Руиз има уште многу работа пред него. Елиф е еден комплетен играч, тој е краток период со нас и дефинитивно има простор за уште поголем напредок – рече Анчелоти после мечот против Марсеј.


Според најавите, наредните пријателски мечеви се очекува „наполитанците“ да ги имаат на 8 и 10 август против екипата на Барселона.


– Покажавме добар карактер против Марсеј во еден тежок тест, одигравме во тензична атмосфера, како да не стануваше збор за пријателски меч. Генерално, мислам дека напредуваме, имаме добри периоди, но и сегменти каде што можеме да се поправиме во наредниот период – додаде Анчелоти.


Новата сезона во Серија А за тимот од „Сан Паоло“ ќе стартува на 24 август на гостувањето кај Фиорентина.

[назад]
loading...
Коментари