Емери си призна грешка на векот: Се сомневав во квалитетите на Мо Салах!

Сабота, 29 Дек 2018 | Прочитано 290 пати.

Актуелниот менаџер на лондонски Арсенал, Унај Емери ги препороди „топчиите“ сезонава, откако шпанскиот кормилар го наследи Арсен Венгер по 22 години на кормилото на лондончани.

И Емери во сиот „хаос“ околу божиќно-новогодишното фудбалско лудило на Островот, објави дека направил неверојатна грешка и се посомневал во способностите и капацитетите на Мо Салах додека бил тренер на Пари Сен Жермен и поради тоа не го ангажирал Египќанецот.

Токму Салах е денеска противник на Емери во дербито на колото на „Енфилд“, каде гостува Арсенал.

    „Разговаравме околу можноста да го донесеме Салах во ПСЖ, уште додека играше за Рома. Ама, имавме некои сомнежи и после тоа тој потпиша за Ливерпул и сите тие сомнежи за него – ги демантираше. Сомнежите беа како би можел да игра за некој гигант, великан, под силен притисок. На пример дали може да игра во ПСЖ? И денеска можам да кажам дека ако зборуваме за пет најдобри фудбалери на светот, Мо е еден од нив. Така нè демантираше“, вели Емери.

[назад]
loading...
Коментари