ЕСПН: Црвена Звезда потсети што ќе загуби фудбалот со формирање на Суперлигата!

Среда, 07 Ное 2018 | Прочитано 125 пати.

Сензационалната победа на Црвена Звезда против Ливерпул го одушеви фудбалскиот свет, а амерканскиот ЕСПН направи анализа и потсети дека со европскиот фудбал многу би загубил со формирање на најавената Суперлига.

Со победата против Ливерпул „црвено-белите“, не само што го совладаа еден од најсилните тимови во Европа, туку и потсетија дека во фудбалот нема непобедливи.

    „Црвена Звезда не добила вака важен натпревар уште од далечната 1991 година и финалето на Лигата на шампионите во Бари. Навивачите пред почетокот константно и еуфорично го бодреа својот тим, посакувајќи да се повтори победата од пред 45 години против истиот ривал. Сонот за таква победа едноставно би бил неостварлив, доколку големите тимови од Шпанија, Англија, Италика, Германија и Франција се договорат да ја формираат Суперлигата“, констатираат од ЕСПН.

По победата против Ливерпул, пораснаа и апетитите на Црвена Звезда, па доколку српскиот тим во наредното коло остане непоразен во Неапол, тогаш во последното коло во Белград против ПСЖ ќе брка и пласман во нокаут-фазата.

[назад]
loading...
Коментари