Еурофарм работник ќе настапи на турнирите во Струга и Добој

Среда, 26 Јун 2019 | Прочитано 156 пати.

Еурофарм Работник подготвките за новата сезона ќе ги започне во третата недела од месец јули. Тренерот Стевче Алушовски ќе прозива во Битола, па веднаш експедицијата на вицешампионот ќе замине за Маврово, каде што ќе ја мине првата фаза. Брусењето на формата е предвидено преку два традиционални турнири. Еурофарм Работник по третпат во својата историја ќе учествува на турнирот во Струга, а потоа ќе биде дел и од ТВ турнирот на шампионите во Добој.


Во Струга битолчани ќе играат на средината од август, а веќе следниот месец ќе ги дознаат противниците во својата група. На турнирот во Добој екипата на Алушовски ќе се натпреварува од 20 до 24 август, а деновиве со ждрепка ќе бидат обелоденети групите.


До овој момент Еурофарм Работник го напуштија Кузмановски, Мемиќ и Крстевски, а дојдоа Ратајац, Велковски, Митревски, Маџовски.


Извор:sportm.mk

[назад]
loading...
Коментари