Фанови на Барса го навредуваа Меси

Среда, 08 Мај 2019 | Прочитано 407 пати.

Група на навивачи на Барселона влезе во вербална расправа со ѕвездата на тимот, Лионел Меси на аеродромот во Ливерпул, откако Каталонците загубија 0-4 од „црвените“ во полуфиналето од Лигата на шампионите.


Очекувањата беа Барса да постигне барем еден гол за да продолжат понатаму, а надежите на навивачите беа Меси да го предводи тимот.


Аргентинецот беше задржан за допинг контрола по натпреварот и околу 01:00 часот по локално време беше пресретнат од навивачи, од кои некои му упатија свирежи и го навредуваа.

[назад]
loading...
Коментари