Федерер рутински до третото коло на Вимблдон

Четврток, 05 Јул 2018 | Прочитано 45 пати.

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер рутински го совлада Словакот Лукас Лацко и се пласираше во третото коло на тенискиот Гренд слем турнир во Вимблдон.


Федерер без многу напор и без загубен сет (6:4, 6:4, 6:1) за 92 минути игра триумфираше против 73-от играч на АТП листата.


Бранителот на титулата со оваа победа ја продолжи серијата од 26 освоени сетови во низа на Вимблдон.


Швајцарскиот тенисер со овој натпревар покажа дека планира да ја освои деветтата титула на овој турнир.


Негов противник во следното коло ќе му биде победникот од натпреварот Иво Карловиќ – Јан Ленард Струф.

[назад]
loading...
Коментари