ФФМ ја одреди цената на билетите за дуелите на македонската репрезентација против Полска и Австрија

Понеделник, 27 Мај 2019 | Прочитано 144 пати.

Македонската фудбалска репрезентација на 7 и 10 јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020. Средбите ќе се играат на Националната арена „Тодор Проески“, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите и тие ќе чинат по 150 денари.

– Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пласман на ЕУРО 2020.


Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска ќе можат да купат билет за натпреварите против Полска и Австрија преку продажната мрежа на „MKTickets“ и на посебен пулт на ФФМ во Скопје Сити Мол.


Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1 јуни (сабота), а од 3 јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“, информираат од ФФМ.

По првите две кола „црвено-жолтите“ имаат четири бода (победа над Летонија и нерешено со Словенија).

Извор: libertas.mk

[назад]
loading...
Коментари