Фк Лабуништа и Генч Калемлер утре ќе ги одмерат силите во 21-то коло од 2-МЛЗ

Петок, 12 Апр 2019 | Прочитано 251 пати.

Во рамки од 21-то коло од втората Македонска лига запад екипата на ФК Лабуништа утре во 16:00 часот на домашен терен во Струга ја пречекува екипата на Генч Калемлер која во предходното коло на домашен терен го изненади силниот противник Скопје и му ги намали шансите за врвот на табелата, додека пак Лабуништани славеа во Гоблен и остануваат во борба за првото место.

Лабуништани спремни за утрешниот натпревар ќе се обидат да дадат се од себе за триумф и освојување на трите бода, но не смее да се подцени и противникот кој исто така ќе се бори за опстанок во лигата, така да утрешниот натпревар ќе биде и мотив повеќе за симпатизерите на Лабуништа, да го проследат и да ги бодрат своите играчи да стигнат до својата цел.



[назад]
loading...
Коментари