ФК Лабуништа против Академија Пандев во Куп натпреварот на Македонија

Среда, 08 Авг 2018 | Прочитано 1,283 пати.


Актуелниот освојувач на куп-пехарот, Шкендија, која во минатата сезона стигна до „двојната круна“ ќе ја започне одбраната на пехарот во најмасовното натпреварување во Гевгелија, а најтрофејниот макеоднски колектив Вардар ќе игра во Форино кај Вардари во првото коло од Купот на Македонија, реши денешната ждрепка во ФФМ.


Како и секоја година прволигашите во првото коло гостуваат и играат кај далеку послаби екипи, па така најсилните наши прволигаши не би требало да имаат посериозни проблеми за да обезбедат осминафинале во Купот. Од друга страна, пресметката на охридското крајбрежје помеѓу амбициозниот Струга Трим Љум со Победа, како и дуелот на Осогово со Пелистер, Тетекс – Гостивар, Лабуништа – А. Пандев, Влазрими 77 - Беласица и пехчевски Кит Го со Шкупи ќе бидат едни од најинтересните мечеви во воведната рунда во најмасовното натпреварување.


Дуелите од првото коло ќе се играат на 22 август, ама веќе извесно е дека Шкендија нема да игра во овој термин, туку во дополнителен, затоа што од 21 до 23 август се предвидени првите мечеви во плејоф рундата во Лигата на шампионите и Лига Европа, во кои тетовци без оглед на двомечот со Салцбург ќе играат во едно од двете натпреварувања.




ПРВО КОЛО – КУП НА МАКЕДОНИЈА


Струга - Победа


Кораби - Борец


Влазрими 77 - Беласица


Вардар (Н) - Скопје


Фортуна - Работнички


Лабуништа - Академија Пандев


Кит-Го - Шкупи


Поешево - Брегалница


Кожуф - Шкендија


Вардари - Вардар


Осогово - Пелистер


Тетекс - Гостивар


Братство Влазними - Силекс


Тиквеш - Ренова


Превалец - Македонија ЃП


[назад]
loading...
Коментари