ФК Лабуништа со полн интензитет се спрема за почеток на првенството

Понеделник, 29 Јул 2019 | Прочитано 1,189 пати.

На средина сме од подготовките и максимално екипата се подготвува за почетокот на првенството. Со доста нови и звучни имиња ќе ја стартуваме сезоната и се надеваме на добри резултати со кои ќе ја задоволиме нашата публика која секогаш ни е уште поголем мотив за исполнување на целта. Ни преостануваат уште 4 до 5 контролни натпревари до крајот на подготовките изјавува директорката на клубот Ивана Лескароска.


Михајло Јакимоски новитетот во екипата изјавува дека е презадоволен од тоа како е прифатен во екипата, истакнува дека владее една позитивна атмосвера добро се подготвуваме со одлични тренинзи за српемни да влеземе во првенството и да атакуваме на првата позиција.



Јасин Ќазимоски младенецот кој ни доаѓа од редовите на ФК Ренова не го крие задоволството дека се враќа дома. Со голема гордост ќе го носам дресот на ФК Лаабуништа ќе го дадам максимумот и сигурен сум дека со оваа екипа ќе имаме големи успеси. тренинзите се на високо ниво максимално тренираме а нашата упорност и работа на тренинзите ќе ни донесе позитивни резултати.


[назад]
loading...
Коментари