Гол шоу во Сан Себастијан, само бод за Атлетико

Понеделник, 04 Март 2013 | Прочитано 280 пати.

Сосиедад ремизираше 3-3 против Бетис во синоќешниот дуел од 26. коло во шпанска Примера, додека претходно и Атлетико Мадрид одигра исто така нерешено на гостувањето против Малага, но без голови 0-0.

Гол шоуто во Сан Себастијан го започнаа гостите од Севилја преку Молина (29’) и Пабон (49’), а потоа на сцената стапија домашните стрелци Вела (51’), Мартинез (56’) и Чаби Прието од пенал (62’), правејќи пресврт за Баскијците. Пабон со вториот свој погодок во 66. минута му донесе бод на Бетис.

Претходно мадридските црвено-бели освоија бод на гостувањето во Малага, но со најнеатрактивниот резултат од 0-0. Со освоениот бод четата на Симеоне ја намали разликата во однос на водечката Барса на 11 бода. Колото ќе се комплетира вечерва со средбата меѓу Севилја и Селта.

Резултати: Сосиедад - Бетис 3-3, Малага - Атлетико Мадрид 0-0, Еспањол - Валјадолид 0-0, Гранада - Мајорка 1-2, Валенсија - Леванте 2-2, Осасуна - Атлетик Билбао 0-1, Депортиво - Рајо Ваљекано 0-0, Реал Мадрид - Барселона 2-1, Хетафе - Сарагоса 2-0.
Водечка е Барса со 68 бода, пред Атлетико Мадрид со 57, додека Реал Мадрид е трет со 55 бода. Потоа следат Малага (43), Валенсија (42), Сосиедад (41) и Бетис (40).


[назад]
loading...
Коментари