Голден Стејт без решение за тројките на Хјустон

Четврток, 17 Мај 2018 | Прочитано 64 пати.

Хјустон не дозволи уште едно изненадување на свој терен, совладувајќи го Голден Стејт со 127-105 за 1-1 во финалната серија на Запад.


Речиси во текот на целиот натпревар Рокетс имаа двоцифрена предност, а главното оружје во создавањето на истата беше шутот од полето за три, каде само во првото полувреме уфрлија 10, од вкупно 16 тројки на средбата.


Во вториот дел продолжија со истото темпо, а предноста во еден момент допре и до највисоки 29 поени разлика. Предводник до триумфот беше Џејмс Харден со 27 поени, а одлична шутерска вечер имаше и Пи Џеј Текер со 22 поени, од кои пет тројки.


Кај Голден Стејт расположен за игра единствено беше Кевин Дурант со 38 поени, а партија под своето ниво одиграа Кари и Томпсон, кои заедно искомбинираа само 24 поени.


Третиот меч во серијата се игра во Голден Стејт, а потсетувам, во Источното финале, Бостон води со 2-0 против Кливленд.

[назад]
loading...
Коментари