Голден Стејт и Хјустон на една победа до меѓусебно финале на Западот

Понеделник, 07 Мај 2018 | Прочитано 127 пати.

Најголемите фаворити на Западната конфернција во НБА-лигата, Голден Стејт и Хјустон поведоа со 3-1 против своите ривали Њу Орлеанс и Јута во рамки на полуфиналето од плеј-офот во НБА-лигата.


Вориорс ги прегазија Пеликанс на нивни паркет со 92-118 и уште еднаш покажаа дека се поквалитетен тим. Кевин Дурент беше лидер на гостите со 38 поени, додека Стеф Кари реализираше 23 поени. Кај домашниот тим, најмногу се истакна Ентони Дејвис со дабл-дабл ефект од 26 поени и 12 скока.


И Хјустон идентично како Голден Стејт, направи брејк на гостински терен кај Јута. Рокетс славеа со 100-87 и дојда до третата победа во серијата. Крис Пол со 27 поени и 12 асистенции беше прв играч кај Хјустон, додека Џејмс Харден постигна 24 поени. Дебитантот Донован Мичел со 25 поени беше најефикасен кај Џез.


[назад]
loading...
Коментари