Голден стејт подобар од Хјустон, Бостон му зема „брејк“ на Милвоки

Понеделник, 29 Апр 2019 | Прочитано 127 пати.

Голден стејт со 104:100 го победи Хјустон во првиот меч од полуфиналната серија на западот, Бостон со 112:90 славеше на гостувањето кај Милвоки.
Голден стејт со триумф го почна полуфиналето против Хјустон, во еден изедначен меч во кој тие најчесто го имаа водството, победија со четири поени разлика, 104:100.
 
Кевин Дурент со 35 поени беше најефикасен во составот на Голден стејт, исто толку постигна и Џејмс Харден кај Хјустон.
 
 
Бостон го растури Милвоки и тоа на негов терен победувајќи го со дури 22 поени разлика, 112:90.
 
Ирвинг со 26 поени и 11 скока беше најдобар поединец во составот на Селтикс, Адетокумбо реализираше 22 кај Милвоки.



[назад]
loading...
Коментари